Ќерките на Јелена Карлеуша открија каков им е односот со татко им – „Не живееме заедно“ (Видео)

Српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша за првпат се појави пред телевизиските камери заедно со своите ќерки Атина и Ника Тошиќ, гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“.
Настапот привлече големо внимание, не само поради модниот избор на Карлеуша, туку и поради искрените изјави на нејзините наследнички.
Јелена во студиото пристигна во впечатлив бел фустан со отсечоци, додека Атина и Ника, видливо опуштени и самоуверени, за првпат јавно проговорија за односот со својот татко, поранешниот фудбалер Душко Тошиќ.
На прашањето каков е нивниот однос со татко им, ќерките кратко и јасно одговорија: „Во добри односи сме. Поздрав за тато кој го гледа ова“.
На нивната изјава веднаш се надоврза и Карлеуша, која со нагласена емоција зборуваше за родителската улога и за односот меѓу неа и поранешниот сопруг кога станува збор за децата: „Не се во добри, туку во најубави односи, они буквално секој ден минуваат време со татко им. Душко е навистина добар татко. Оди секој ден по нив во училиште, ги вози. Кога станува збор за нашите деца тука сме родители какви што треба да бидеме“.
Атина и Ника дополнително ја истакнаа блискоста со двајцата родители, и покрај тоа што не живеат сите заедно: „Имаме најдобри родители на светот, ги сакаме многу и иако не живееме со него, ние постојано се гледаме со него, исто како да живееме заедно“.




