Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Зуица и Наум ВАКА ОБЛЕЧЕНА се појави во ресторанот – мама и тато горди на своите чеда

Пејачката Зуица Лазова за својот јубилеен роденден носеше преубав златен фустан, но поприлично интересно беше облечена и нејзината ќерка Македонка

Реклама

Пејачката го прослави својот 50-ти роденден.

Нашата позната фолк-пејачка Зуица Лазова направи луда забава за својот 50-ти роденден на која беа голем број познати лица.

Но покрај познатите во центарот на вниманието беа најблиските на пејачката кои покрај роденденот направија промоција и на новите песни.

Маркетинг

Имено, Зуица ги претстави своите пет нови песни, а во три од нив пее заедно со сопругот, но и со ќерката и синот. И додека со синот и сопругот неодамна настапи и на Прилеп фест и ги воодушевија сите, ова беше една од ретките прилики да ја видиме како пејачката настапува и со својата наследничка, но и со свекрвата.

Маркетинг
Фејсбук

Посебно внимание привлече Македонка, ќерката на Зуица и Наум, која за оваа пригода носеше црн мини фустан кој и стоеше одлично.

И додека нејзината мајка блескаше во златната тоалета во која изгледаше како грчките божици, Македонка мамеше воздишки со фустанчето, а многумина беа пријатно изненадени и од нејзината убава долга коса.

Инстаграм/ Македонка Петреска

Ова издание на познатата мама и нејзината ќерка веднаш предизвика реакции и сите се согласни дека и двете изгледаа фантастично.

Инстаграм/ Македонка Петреска

Потсетуваме, Зуица и Наум покрај ќерката Македонка која студира Музичката академија го имаат и синот Стефан кој исто така тргна по нивните стапки. Првиот настап на Стефан беше неодамна во рамките на Прилеп фест, а како звучи песната што тој заедно ја пее со неговите родители, погледнете на крајот од галеријата.

Инстаграм/ Македонка Петреска

Инстаграм/ Македонка Петреска

Инстаграм/ Македонка Петреска

Инстаграм/ Македонка Петреска

Инстаграм/ Македонка Петреска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button