Ќерката на Велија Рамковски како да е од гума – ќе се изненадите од акробациите на оваа дама
Нема да ви се верува што се' може да направи Лејла

Ги воодушевува сите со своите „егзибиции“
Оваа русокоса Македонка можеби е една од најфлексабилните жени, ако судиме по екстремните пози што ги изведува.
Таа овие движења ги покажува на своите профили на социјалните мрежи, а тоа го направи и овие денови и сите ги изненади.
Инстаграм/ Лејла Рамковска
Станува збор за ќерката на Велија Рамковски, Лејла Рамковска, која веќе долги годни е инструкторка по југа.
Таа важи за мошне згодна, но и еластична дама и речиси да нема поза што таа не може да на направи и тоа со леснотија.
Инстаграм/ Лејла Рамковска
За нејзиното совршено тело заслужно е меѓу другото и макотрпното вежбање јога и благодарение на тоа што таа често се снима додека вежба, можеме да видиме дел од овие нејзини „акробации“ со кои често знае да ги почести оние што ја слседат.
Овој пат таа стоеше на глава и раце, а потоа направи и шпага, и со леснотија ги правеше овие тешки вежби покажувајќи колку е еластична.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Лејла Рамковска
Инстаграм/ Лејла Рамковска
Инстаграм/ Лејла Рамковска
Ритуалите на Лејла
Лејла овие вежби понекогаш знае да ги прави и во костим за капење, а на фотографиите изгледа како излезена од магазин, па сите што ја следат на Инстаграм уживаат во нејзините фотографии.
Инстаграм/ Лејла Рамковска
Таа е мајка на две деца, но за неа слободно може да кажеме дека важи и за една од најзгодните познати дами во Македонија.
Во една пригода Лејла ја откри кои се нејзините ритуали за нега на кожа, па еве ја и тајната за нејзиниот беспрекорен изглед.
Инстаграм/ Лејла Рамковска
И како што самата откри, таа не била вака физички активна цел живот, впрочем не знаела да направи ни мост.
Но откако на свои 30 години започнала да се занимава со јога животот целосно и се менува, посебно што на овој начин ги решила проблемите со своето здравје. Имено, Лејла овој чекор го направила откако и било дијагностицирано дека центарот за баланс и е нарушен, имала константни вртоглавици и главоболки, проблеми со половината, вратот.., така што откако физички се активирала и ја започнала приказната со јога почнала да се ослободува од сите проблеми и блокади во човековото тело, кои влијаат на здравјето.
Инстаграм/ Лејла Рамковска
И како што самата откри во една пригода за Гламур, најголемиот бенефит од јогата за неа е подобрување на психо-физичката состојба во секое поле. Како инструкторка по јога, за себе вели дека никогаш не престанува да учи во животот и дека се уште се чувствува како да е на почетокот, меѓутоа и дека ужива во секој стадиум и во тоа што учи нешто ново. На прашањето на кој начин јогата може да го подобри здравјето и како јогата влијае на телото, Лејла вели:
Инстаграм/ Лејла Рамковска
„Од почетно ниво, со самото тоа што се чувствуваме подобро, немаме болки на вратот и грбот…Постигнуваме баланс помеѓу силата и флексибилноста. Со тренинг на нашиот ум и тело стекнуваме целосно присуство на свесноста, а со тоа и самодоверба и верба. И тоа на крај придонесува да имаме подобро здравје, но и подобар надворешен изглед, секако, бидејќи нашето чувство и смиреност одвнатре се манифестира и рефлектира и надвор“, изјави Лејла во една пригода во интервју за Гламур магазин.