Ќерката на Сузана Турунџиева сo емотивната порака – водителката пресреќна, ова многу ја израдува
Еве како Лора и го разубави денот на својата мајка

Ќерката на Сузана Турунџиева сподели преубава вест
Откако неодамна сподели неколку фотографии со кои привлече внимание со својата убавина и шарм, наследничката на Сузана Трунџиева, Лора Турунџиева, овој пат сподели една објава со која ги разнежни сите на социјалните мрежи.
Имено, Лора се снимаше како носи во рацете еден преубав букет, а во пораката откри и за кого е наменет истиот.
Инстаграм/ Лора Турунџиева
Имено, букетот е со хартивче на кое пишува симпатична порака, а со оваа емотивна порака Лора посебно ја израдува својата мајка.
„Овој букет е за тебе. Некој верува дека си посебна затоа што навистина си! Те сакам мамо“, пишува во симпатичната порака.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Нејзината мајка со гордост ја сподели оваа фотографија полна со радости што нејзината наследничка ја изненади на овој начин.
Инстаграм/ Лора Турунџиева
Потсетуваме, Сузана на 9 март 2025 год. наполни 56 години, а пред шест години се оствари и во улога на баба кога нејзината постара ќерка Лора го роди Јаков, првото внуче на познатата водителка.
Покрај Лора, Сузана ја има и ќерката матеа, која пред неколку недели наполни 16 месеци и која исто така е вистинска убавица.
Инстаграм/ Лора Турунџиева
Но и покрај тоа што е во шестата деценија од животот, нашата позната писателка, водителка и пејачка се уште може да се пофали со тело на кое можат да и завидуваат и многу помлади дами од неа.
Инстаграм/ Лора Турунџиева
И бидејќи е поприлично активна на социјалните мрежи, тоа може да го видиме и од нејзините објави, посебно кога е во костим за капење.
Таа нема никакви комплекси и тоа досега многу пати го покажала (види тука), а внимание привлекува и со интересните пораки.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Па така таа неодамна ќе напише:
„Животот се состои од многу подеми и порази…Не е успешен оној кој не “паднал” туку оној кој после секој пад се труди да се исправи повторно. Искуството ми вели дека во животот многу битки ги губиме затоа што немаме доволно верба во себе…
Сигурна сум дека понекогаш полесно ни е да им поверуваме на другите отколку на себеси. Дека полесно им помагаме на другите, отколку на себеси… Дека полесно им простуваме на другите отколку на себеси…
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Вербата во себе е долг пат, но има финална дестинација, повредна од сите попатни станици… Твојот успех е твојата верба! НЕ талентот, НЕ убавината, ниту пак благосостојбата…
ТВОЈАТА ВЕРБА!!!“, пишува во една од последните објави на Сузана Турунџиева на нејзиниот профил на Инстаграм.