Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Стојанче вистинска убавица, синот – цела глава повисок од него! Беше весело во нивниот дом

„Навистина имам за што да се борам! И ќе се борам! До крајот на животот!“, објави во една пригода Стојанче

Реклама

Тато е горд на своите деца

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов (52), и неговата сопруга Јасминка Ангелова важат за еден од најскладните парови на нашата јавна сцена. Поранешниот генерал често е во медиумите, како и неговата понежна половина, а од нивниот брак ги имаат децата Сара и Марко.

Тие се заедно веќе цели две децении, а за нив многумина велат дека се сродни души, како грнче и капаче.

Маркетинг

И додека повеќето наши личности од политичкиот живот делуваат ладни и како да се луѓе без емоции, Ангелов е сосема спротивно од тоа. Имено, тој често знае да сподели романтични моменти со својата сакана, но и да покаже дека секогаш на прво место му се децата.

Маркетинг
Фејсбук/ Стојанче Ангелов

Впрочем така беше и сега кога Ангелов сподели една семејна фотографија, а причината беше навистина посебна.

Имено, неговата ќерка Сара славеше роденден, па Стојанче гордо го изнесе оваа информација со своите пријатели на Фејсбук.

Фејсбук/ Стојанче Ангелов

И истиот момент следуваа бројни честитки, како за неговата принцеза, така и за цело ова прекрасно семејство.

Од фотографијата може да се забележи дека Сара пораснала во вистинска убавица и веќе е повисока од мама, но и синот Марко е речиси за цела глава повисок од својот татко. Нивниот изглед многумина го коментираа, а сите се согласни дека децата пораснале во прекрасни личности и дека од родителите го собрале само најдоброто.

Фејсбук/ Стојанче Ангелов

„Како да беше вчера кога и ја пресеков папочната врвца, а веќе денес ќерката Сара наполни 16 години“, напиша Стојанче гордо под фотографијата што ја објави.

Како тој изгледаше во оваа негова најважна улога во животот погледнете од фотографијата во продолжение…

Потсетуваме, Стојанче и Кристина покрај овие две деца и двајцата имаат и по една ќерка од претходните бракови, Каролина и Ева.

„Со 4 прекрасни деца, човек навистина има причина за радост. Радост но и голема одговорност. Бидејќи, семејството е света работа“, ќе напише во една пригода Ангелов на Фексбук, па ќе го додаде и следново:

„Кога на одговорноста за семејството ќе ја додадам и борбата за Македонија… Македонија, со сите нејзини слабости, доблести и убавини… Навистина имам за што да живеам! Навистина имам за што да се борам! И ќе се борам! До крајот на животот! До смрт!!!“, напиша тогаш Ангелов на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button