Ќерката на покојниот скопски бизнисмен раскажа како е да се биде мајка на пет деца

Сите знаеме кој беше Бојо Андрески, човекот кој го отвори првиот приватен универзитет кај нас. За семејството на Бојо ретко се зборува посебно по неговата смрт. Тој беше сопственик на Европски универзитет, бизнисот потоа го наследи неговата постара ќерка Билјана Андревска Богдановска. Таа е денес ректор.
Билјана заедно со споругот Бобан имаат пет деца, најголемата ќерка Стефани има 20 години, а нивното најмало синче, петото дете има само две годинки. Таа за првпат пред јавноста зборуваше за нејзиниот живот, за тоа како е да се биде мајка на пет деца, а истовремено да водиш универзитет.
– Не се сеќавам последните 20 години да одиме на одмор без количка со бебе – рече низ смеа таа во емисијата „Мамавизија“.

Билјана во емисијата раскажува и за сите проблеми со кои се соочила додека била бремена. Во првата бременсот, открива таа, дека имала епилептични напади за кои не можеле да откријат од што се. Потоа, раскажува и за спонтаните абортуси кои ги преживеала.
– Знаат понекогаш луѓето да ми речат, зошто се одлучи за пет деца, тоа е голема жртва. Да голема жртва е, но нема поубав благослов од ова. Среќна сум кога ќе ни кажат дека сме иснпирирале некого за многудеттно семејство – вели таа.
Advertisement

Во емисијата таа открива дека уште кога биле момче и девојка со Боби си посакале да имаат пет деца и додава дека и за нејзиниот татко била огромна желбата да имаат повеќе дечиња.
Погледнете ја целата емисја на следното видео: