Ќерката на нашата позната пејачка иста како мама – гледачите изненадени, имаме ли нова ѕвездичка?
Елена Велевска на сцена задно со својата ќерка
Ќерката на познатата пејачка ги воодушеви сите
Елена Велевска важи за една од нашите најпознати фолк-пејачки која плени и со својот изгледа каде и да се појави.
Пејачката од поранешниот брак има три деца, а сите се изненадени кога ќе слушнат дека имала три бремености зад себе.
Имено, Елена изгледа беспрекорно во секое свое издание, а за тоа сведочат и нејзините објави на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Елена Велевска
Но пејачката овој пат сподели снимка во која не е таа во главната улога, туку нејзината наследничка Софија.
Имено, Елена деновиве гостуваше во емисијата „Качамак“, а сите ги изненади кога на сцената запеа со нејзината ќерка Софија за која пејачката и претходно има истакнато дека има прекрасен глас и дека се надева дека и таа ќе биде голема ѕвезда.
Инстаграм/ Елена Велевска
И кога мајката и ќерката се појавија на сцената и запеаја заедно во еден глас, гледачите беа и повеќе од воодушевени, посебно од Софија која покрај тоа што го наследила талентот за пеење од својата позната мама, таа и многу личи на неа, па сите беа пријатно изненадени и од нејзината беспрекорна убавина.
Мора да споменеме дека и Елена блескаше од среќа покрај својата убавица, но и дека носеше одлична комбинација.
Инстаграм/ Елена Велевска
Таа за оваа пригода избра панталони и сако во бела боја, кои пејачката ги заокружи со шик сандали со високи потпетици.
Инстаграм/ Елена Велевска
Потсетуваме Елена покрај ќерката Софија од бракот со Марјан Мирчески ја има и ќерката Калија како и синот Марко.
Инстаграм/ Елена Велевска
Веста дека Елена и Марјан се разведуваат ги изненади сите, посебно што пејачката секогаш истакнувала дека го има најдобриот маж на светот, а своевремено му имаше посветено и една од нејзините песни.
Инстаграм/ Елена Велевска
Но тие во 2018 решија да се разделат, а разводот беше тежок и бурен, посебно откако Елена откри детали од бракот.
Инстаграм/ Елена Велевска
Сепак, пејачката за брзо време излезе од тешкиот период, па продолжи со својата кариера посилна, но и поубаво од кога било досега.
Повеќе за ова прочитајте тука…