Ќерката на нашата фолкерка со преубава вест – прво матурантка, а сега и со ова ги израдува сите
Младата пејачка откри како ќе изгледа нејзиниот нов спот

Мама никогаш посреќна и погорда
Наследничката на пејачката Тања Јовановска-Трајкова, Драгана, се пофали дека за брзо време ќе објави нова песна.
Како што самата откри на својот Инстаграм, песната ќе се вика „Оди си“ и ќе се појави на 1.јуни во 14.00 часот.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Тогаш ќе биде објавен и спотот за оваа песна, а ќерката на познатата македонска фолк-пејачка го објави и тизерот за истиот, кој звучи одлично, но и убавата пејачка во него изгледа мошне провокативно.
Најавата за песната погледнете ја на крајот…
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Потсетуваме, Драгана оваа година беше матурантка, а нејзината мајка прва откри како нејзината наследничка изгледаше на матурската.
Таа гордо сподели неколку фотографии, а потоа тоа го направи и Драгана која со својот шарм и убавина никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Таа за оваа посебна пригода избра црна тоалета со длабок шлиц и горен дел како корсет, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Инаку, Драгана со музика се занимава од најмали нозе, а на 8-годишна возраст се појави на популарниот детски фестивал Златно славејче.
На свои десет години беше дел од „Ѕвездичките на Пинк“ и уште тогаш сите ги изненади со својот неверојатен талент.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Таа веќе има неколку песни и спотови зад себе, а минатото лето ја објави песната Гламур која се уште се слуша на радиостаниците.