Ќерката на нашата фолкерка изгледа како кукла – неверојатно е убава, на кого ви личи повеќе?
Многумина ѝ предвидуваат блескава кариера...

Ќерката на нашата позната фолк-пејачка Тања Јовановска Трајкова, Драгана Јовановска, изгледа како вистинска кукла.
Оваа млада 18-годишна дама го наследила најубавото од своите родители, а тука не мислиме само на гените кои се одговорни за нејзиниот беспрекорен физички изглед, туку и на нејзиниот извонреден талент за музика.
Имено, и Драгана тргна по стапките на својата мајка, па така од свои најмлади години е со музиката.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
На седумгодишна возраст започнува со музичкото училиште и оди на часови по клавир и пеење, а на 8-годишна возраст веќе настапува и на „Златно славејче“. Таа пред речиси десетина години беше дел и од популарното музичко шоу „Пинк ѕвездички“ каде исто така ги воодушеви сите со својот неверојатен музички талент.
Таа минатото лето ја издаде песната „Гламур“ која и денес се слуша на нашите радио станици и има преку 100.000 прегледи.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Како Драгана изгледаше како мала, кога блескаше на сцената во Пинк како 10-годишно девојче, но и како изгледа сега, како полнолетна дама, погледнете од фотографиите, но и од видеото во продолжение…
Принтскрин/ ТВ Пинк
Драгана на својот Инстаграм често споделува фотографии, а под секоја од нив постојано добива лавина коментари.
Принтскрин/ ТВ Пинк
И сите се согласни дека изгледа убаво, како некоја кукла, но и дека го наследила најубавото од своите родители.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Оваа млада дама привлече внимание и минатата година, на својот 18. роденден, кога од родителите доби автомобил за подарок.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Повеќе за ова прочитајте тука.