Ќерката на најбогатиот човек во Македонија го покажа раскошниот дом – овој детаљ го забележаа сите
Еве што прави познатата тинејџерка преку викенд
И беше досадно, па реши да го вклучи телевизорот…
Македонската тинејџ-ѕвезда Кристина Мукаетова, со своите фанови на Инстаграм сподели детаљ од нејзиниот дом.
Кристина која стана позната по улогата на Кики во забавно-едукативниот серијал „Дајте музика“ и која од неодамна ја води емисијата „Низ град со Кики“, на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм покажа како изгледа дневната соба во нејзиниот дом.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Таа го сними телевизорот и тоа токму додека на него оди нејзината емисија, а на фотографијата напиша:
„Задолжително за сабота“, алудирајќи на тоа дека овој ден на телевизија се емитува нејзината емисија.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Потсетуваме, Кристина е ќерка на Живко Мукаетов, првиот човек на фармацевтскиот гигант Алкалоид и претседател на РФМ кој ведно важи и за еден од најбогатите луѓе во Македонија. И додека нејзиниот татко е познат како успешен бизнисмен, но и како голем филантроп и хуманитарец, неговата наследничка се прослави со улогата на Кики во хит детскиот серијал „Дајте музика“, а сега полека, но сигурно, со својата емисија, станува и една успешна водителка.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Нејзината емисија „Низ град со Кики“, е со информативна и забавна програма за тинејџери која воедно е богата и со информации од областа на музиката, филмот, театарот, литературата, модата, фитнесот, здравјето.. и со многу други интересни содржини.
Кики со својот померијанец Фан кој го доби како подарок за Нова година во 2016, кога имаше осум години
Емисијата се емитува на првата програма на МРТ, во сабота, а Кики во емисијата кани и познати ликови од нашата земја.
Како изгледа Кики и во ова издание, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Инстаграм/ Кики Мукаетова