Ќерката на најбогатиот човек од Македонија ги бодреше ракометарите – овој детаљ ги изненади сите
„Браво момци, врвна игра“ им порача Кики на нашите херои, облечена во дресот на нашата репрезентација
И на трибините беше забавно
Кристина, наследничката на најбогатиот човек во Македонија, Живко Мукаетов, од мали нозе е присутна во медиумите.
Но таа денес веќе е голема девојка која плени со својата харизма и шарм, а гордиот татко често споделува заеднички фотки со неа.
Самото ова кажува дека Ивана е гордост и миленичка на својот родител, но и таа не крие дека нејзиниот татко и е идол.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Имено, Кики знае одвреме-навреме да се потсети на своето детство и на убавите моменти што ги поминала со родителите, не криејќи дека нејзиниот татко отсекогаш бил главниот идол во нејзиниот живот.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
„Објава за благодарност за мојот идол“, напиша Кики под неколку заеднички фотки на кои е со својот татко, Живко Мукаетов.
Потсетуваме, Кристина се прослави по улогата на Кики во популарниот и култен детски серијал „Дајте музика“, а моментално е актуелна и со нејзината забавно-едукативна емисија „Низ град со Кики“ која веќе некоку месеци се емитува на МРТ.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Таа деновиве сподели неколку објави и од трибините во Вараждин од каде ги бодреше нашите ракометари во дресот на Македонија.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
„Браво момци, врвна игра“, напиша таа на снимката што ја сподели, а и нејзината последна емисија беше на тема македонскиот ракомет.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Како изгледаше Кики и во својата најнова епизода и кој и беше гостин, погледнете од видеото во продолжение…