Ќерката на Маја и Дарко Панчев откри што доби за Денот на вљубените – романтика блеска од сите страни
Елегантно издание за празникот на вљубените

Ќерките на Маја и Дарко Панчев во последно време се мошне активни на своите профили на социјалните мрежи.
Овој пат во фокусот беше помалата наследничка на познатиот пар која на својот Инстаграм сподели неколку интересни фотки.
Имено, Марија се занимава со манекенство и моделинг, па често знае да сподели фотографии од своите фотосесии.
Инстаграм/ Марија Панчева
Па така оваа млада дама неодамна сподели неколку интересни модни комбинации со кои им го привлече вниманието на своите бројни следбеници, а коментарите што оваа природна убавица редовно ги добива се дека многу личи на својата мајка.
Инстаграм/ Марија Панчева
Но Марија деновиве се пофали и со подарокот што го доби за Денот на вљубените, па со фотографиите ги изненади сите.
Таа позираше со букетот ружи што си го доби како подарок, а потоа сподели и една фотографија од ресторанот што го посети.
Инстаграм/ Марија Панчева
Марија за оваа посебна пригода носеше преубав црн фустан, „зачинет“ со црвен кармин и црвен маникир, а косата и беше пуштена нежно да паѓа преку разголените раменици и тенките прерамки.
Инстаграм/ Марија Панчева
Таа потоа откри и од кого го доби подарокот, а како Марија изгледаше во ова свое романтично издание, погледнете во галеријата…