Ќерката на Гоце Тодоровски со неочекуван гест – симболична тетоважа што го разнежни интернетот! (Фото)

Ќерката на актерот Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска-Спасовска, повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. По заедничката тетоважа што неодамна ја направи со својот татко, Сашенка сега ја покажа најновата – симболична и длабоко лична.
До фотографиите од свежата тетоважа, таа напиша силна порака која одекна кај нејзините следбеници: „Долг е патот… дојде време да се обединат – целина“.

Нејзината објава веднаш беше препознаена како уште една потврда за нераскинливата врска што ја има со својот татко, еден од најпочитуваните актери кај нас.
Сашенка и претходно сподели емотивни моменти од студиото за тетовирање, каде што заедно со Гоце го овековечија својот однос преку заеднички дизајн. Во една од објавите таа истакна дека токму татко ѝ ја научил на уметност, искреност и безрезервна доверба – вредности кои, како што нагласи, ја дефинираат нивната врска.
Познато е дека Сашенка е неизмерно горда на својот татко, кој минатата година ја доби државната награда „23 Октомври“ за својот придонес во културата. Тогаш таа јавно му се заблагодари со емотивна честитка и порака дека „душата и срцето ѝ урлаат од среќа“ поради неговото признание.
Сашенка Tодоровска-Спасовска е среќно мажена со Боби Спасовски, со кого често споделува семејни моменти, а нивните фотографии редовно собираат лајкови и позитивни коментари.
Новата тетоважа само ја потврди нејзината силна посветеност кон семејството – вредност која Сашенка гордо ја носи на кожата, но и во срцето.




