Ќерката на Дракче се огласи од болница – Откри каква е состојбата на мајка ѝ!

Откако познатата водителка Драгица Стефковска Дракче повторно е хоспитализирана и објави фотографии од болница, нејзината ќерка Ане Стевковска Маневска се огласи и ги утеши сите што се загрижени за нејзиното здравје.
Дракче, која јавноста ја познава како авторка и водителка на емисијата „Готвиме со Дракче“ и сопруга на пејачот Орце Стевковски, сподели фотографија од болнички кревет со натпис: „Небото ме поздрави денес со срциња и ангелски крилја“.
Под објавата следеа стотици коментари со желби за брзо оздравување, а меѓу нив беа и пораки од пејачката Ребека и од нејзината ќерка Ане, која напиша: „Со лесно мајко моја. Ќе помине и ова. Те сакам!“.
Подоцна, Ане повторно се јави преку својот фејсбук-профил и откри дека состојбата на нејзината мајка е стабилна.
„Мама е добро. Фала ти Господе! Ви благодарам на сите за грижата и упатените молитви,“ напиша таа.
Advertisement
Познато е дека Дракче во јули годинава помина низ операција, по што се обрати до своите следбеници со потресна објава во која откри дека храбро се соочува со болеста: „Кога ја слушнав мојата последна дијагноза, си напишав протокол за мојот погреб. Но, од смртта не се плашам – ќе живеам во срцата на моите блиски, во моите книги и проекти.“
И покрај тешките моменти, таа и тогаш ја испрати својата препознатлива порака исполнета со оптимизам и љубов: „Имам надеж, силата ќе ја вратам. Најмногу од сè ме радува љубовта што ја делев – ја умножив. Поздрав од мене, од мојата градина“.