Ќерката на Дарко Панчев се снимаше во издание за излегување – со гол стомак и во фармерки
Ќе се изненадите и од тоа колку оваа млада дама личи на својата позната мама

Природна убавица што остава без здив
Ќерката на Маја Гроздановска-Панчева и Дарко Панчев во последно време често привлекува внимание на Инстаграм.
Марија од мали нозе се занимава со манекенско и е фото-модел, така што и најобичните фотографии што ги објавува на Инстаграм речиси секогаш изгледаат како да се излезени од некое списание.
Инстаграм/ Марија Панчева
Таа често на Инстаграм знае да ги покажа и своите модни комбинации за излегување, иако привлекува внимание што и да облече.
Па така во изминатиов период оваа млада дама често можевме да ја видиме и во провокативни креации, посебно кога со своите родители и постарата сестра Надица беа на одмор (види тука), па носеше софистицирани креации во кои оставаше без здив.
Инстаграм/ Марија Панчева
Но оваа млада дама изгледа прекрасно и во обични фармерки и кроп-топ блуска, истакнувајќи го рамниот стомак.
Нејзината тенка половина и овој пат беше во фокусот, а како Марија изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Марија Панчева
Потсетуваме, таткото на Марија, македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, неодамна го прослави својот 6о-ти роденден, а како изгледаше роденденската прослава во нивниот дом и изненадувањето што си го доби од ќерките и сопругата, погледнете тука.
Инстаграм/ Марија Панчева
Инстаграм/ Марија Панчева
Инаку, многумина коментираат дека Марија многу личи на својата мајка, посебно кога Маја била млада.
Повеќе за ова прочитајте тука…