CelebrityНовости

Ќерката на Чола го прослави 24. роденден – Мистериозниот партнер ѝ подари „Луј Витон“ чанта од 2800 евра (Фото)

Advertisement

Уна Чолиќ, постарата ќерка на балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, блескаше на својот 24. роденден, кој го прослави со гала забава во еден белградски ресторан.

Атмосферата била весела, со квалитетна храна и музика, а младата убавица добила подароци кои веднаш го привлечоа вниманието на јавноста.

Advertisement

Татко ѝ Здравко ѝ подари огромен букет црвени рози, што ја воодушеви Уна и ги стопли срцата на обожавателите.

Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ
Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ
Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ

Но најголемото изненадување беше скапиот поклон – чанта од модната куќа „Луј Витон“, вредна 2800 евра. Иако Уна не откри кој ѝ ја подарил, многумина шпекулираат дека токму нејзиниот десет години постар партнер стои зад луксузниот гест.

Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ
Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ

Неодамна, таа првпат јавно го откри својот избраник, со кого ужива во романтичен и луксузен живот.

Advertisement

Парот веќе сподели фотографии од егзотични одмори, а интересот на јавноста за нивната љубовна приказна станува сè поголем.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button