Позната манекенка се прошета само во кошула низ градот и направи вистински хаос
Познатата манекенка се враќа на светските писти
Само што помисливме што се случува со русокосата Кендис Сванпул, убавата 28 годишна манекенка од Јужна Африка, и таа се појави во медиумите што ги следиме во едно од најубавите изданија што сме ја виделе досега.
Познатата манекенка која минатата година го доби синчето Анака во декември се враќа на модните писти. И тоа не на било која ревија, туку на шоуто на Викторијас Сикрет. Сепак, таа е еден од нивните најпознати ангели, а како што можевме и да видиме нејзе не и требаше долго време за да ја врати својата совршена линија и да и’ се посвети на работата.
Кендис деновиве беше забележана во Големото јаболко во фантастично издание – бела кошула, стејтмент сандали со високи потпетици и дебел ремен околу половината со кој дополнително ги нагласи нејзините долги нозе.
Па, што велите за ова all white издание на Кендис?