Манекенката чие тело е прогласено за најсовршено ги изненади сите кога се појави во ова провокативно издание во Кан.
Кендал Џенер (22) која важи за најзгодна девојка во кланот Кардашијан- Џенер деновиве во Кан се прошета во потполно проѕирен фустан. Таа под фустанот не носеше градник така што нејзините голи гради беа во преден план, а што се однесува до гаќички носеше модел во боја на кожа.
„Што е ова, па имај малку стил. Жените од целиот свет ги напаѓаат кога во јавноста ќе дојат бебе, а над ова сите паѓаат во несвест и ја подигаат до небото“ – гласи само еден од негативните коментари на нејзина сметка.
https://www.instagram.com/p/BiqpwsVhJux/?utm_source=ig_embed
Многумина и порачаа дека изгледа вулгарно и евтино, а воедно не е ни прва која во вакво издание се појави на престижен настан. Имено пред неа тоа го направи Ријана и тоа во 2014 на доделувањето на CFDA наградите кога нејзините фотографии беа цензурирани на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/Biq3I1agf1n/?utm_source=ig_embed
За разлика од тогаш, фотографиите на Кендал сега можете да ги најдете насекаде на социјалните мрежи, што е сигурен доказ дека движењето „Free the Nipple“ не беше залудно. Брадавиците веќе одамна го изгубија својот WTF ефект токму благодарение на познатите девојки кои ги покажуваа на сред улица и на разно-разни гламурозни настани, а за сето ова секако голема заслуга има и манекенката Кендал Џенер.
Што мислите вие за овој феномен?