Реклама
Трендови

Што би се случило ако овие девојки ги „ослободат“ брадавиците и се прошетаат низ центарот на Скопје? Па, потоп најверојатно!

Реклама

Па, добро бре, што не е во ред со овие девојки?!

Можеме да разбереме кога некоја манекенка ќе се прошета на модна писта и ќе ги покаже брадавиците, или кога на некоја ѕвезда (ова се однесува за девојките од Холивуд!) случајно ќе и блеснат под облеката, а будното око на папараците ќе го овековечат моментот, но никако не можеме да разбереме зошто овие девојки го прават тоа?! Мислиме на Кендал која ги сокри очите со очила за сонце (кои патем се како од филмот Матрикс), но под црвената (проѕирна) блуза ни го покажа она што требаше да остане сокриено. И на нејзината пријателка и Бела Хадид која исто така нема проблем да се шета наоколу со голи гради.

Маркетинг

Па дали сте шокирани?! Епа не треба да бидете. Брадавиците одамна го изгубија својот WTF ефект, токму благодарение на познатите девојки кои ги покажуваат на сред улица во склоп на кампањата #FreeTheNipple која веќе неколку години кружи на социјалните мрежи. Но ова секако не е ништо ново во светот на модата. Сетете се само на Вивиен Весвуд и на нејзината есенска колекција од 1994 (ох, да, некои од овие девојки тогаш не беа ни родени!) кога незаменливата Кејт Мос се прошета топлес на пистата и ги остави сите со подзинати усти. Или пак, на пролетната ревија од 1998 на генијалниот Александар Меквин кога манекенките ги покажаа брадавиците под мократа облека поради дождот што врнеше на пистата.

Маркетинг

Во 2004 Џенет Џексон и Џастин Тимберлејк го популаризираа терминот „wardrobe malfunction“ кога на Супербол купот пејачката ги покажа градите (тоа ќе му дојде нешто како на празникот Илинден, Елен Велевска да се појави топлес и да испее песна заедно со Зоки Заев и Бојко Борисов). Екстравагантната Ријана пак во 2014 на доделувањето на CFDA наградите влезе во историјата со нејзиниот проѕирен фустан од Адам Селман.

О да, и Кендал Џенер и Бела Хадид досега веќе неколку пати се прошетаа на модните писти и снимија бројни едиторијали со голи брадавици …

Бела Хадид за магазинот Paper – зимско издание 2016

И што има тука чудно? Па ништо би рекле многумина (освен можеби религиозните фанатици кои веруваат во приказните за Содома и Гомора и хејтерите!). Единствената разлика е што денес овој тренд НЕ е резервиран само за црвениот килим, или пак за модните ревиите. Ниту пак за драматичните вечерни изданија – и Кендал и Бела макотрпно се обидуваат да го внесат трендот во нашите секојдневни комбинации.

Кендал носеше црвено проѕирна блуза и фармерки, додека Бела – црно проѕирно боди. И тоа не им е првпат, а Кендал тоа го направи дури и два пати во ист ден!

Но дали тие ќе успеат во нивната мисија?

Ние, искрено, не веруваме дека наскоро и „обичните“ девојки од наше маало ќе го прифатат овој тренд со две раце надвор од нивните спални соби.

Што мислите вие?

Поврзано

Back to top button