Кендал Џенер во култните патики
Овие патики најпрво ги носеа само фудбалери, како на тренинзи така и надвор од фудбалските терени, а наскоро ги прифатија и другите. Ги обожаваше и Боб Марли, а во 80-ттие години од минатиот век ги популаризираше британскиот субкултурен бенд „The Casuals“. Патиките „Adidas Samba“ се популарни и денес, а тоа можеме да го видиме и од бројните светски трендсетерки кои го обожаваат овој модел, а меѓу нив и Кендла Џенер. Токму затоа и важат за еден од најпродаваните модели на познатиот германски бренд, веднаш зад бројните популарни варијанти на Стен Смит моделот.
„Adidas Samba“ се креирани во 1950 година, а денес, 67 години подоцна, ги фура и 21 годишната Кендал. Таа ги носи во сите пригоди, од комбинации со фармерки и сакоа до оние со хеланки и оверсајз блузи, а можете да ги пронајдете во секоја поголема продавница за патики или пак во плакарите на вашите мајки, но и во бројни интернет продавници.
Новите модели на популарните патики „adidas superstar“ >>
Какви пaтики носат познатите девојки со хеланки >>