TV

Кенан од „Езел“ изгледа подобро од кога било – се враќа со улога што ќе го „запали“ Балканот

Како изгледа денес турскиот заводник од „Езел“ - Кенан Имирзалиоглу и понатаму освојува срца. По години тишина, актерот се враќа на екраните со улога што ќе го освои регионот.

Advertisement

Кенан Имирзалиоглу (51) останува една од најпрепознатливите личности на турската, односно балканската, телевизиска сцена. Македонската јавност и понатаму го памети како Езел Бајрактар од истоимената серија што го одбележа почетокот на новата ера на турските драми. Уште од првото појавување на екран пред 16 години, неговиот висок раст, темна коса и мистериозен поглед го претворија во идеал на многу жени.

принтскрин инстаграм

Со текот на времето, глумецот не само што не ја изгуби харизмата и привлечноста, туку доби и доза на зрелост која уште повеќе го издвојува од новите актери на турската сцена. Иако е во шестата деценија од животот, неговото лице речиси и да не покажува знаци на стареење. Бори има минимално, а седа коса речиси и да нема. Стилот му е посмирен, но достоинствено модерен, како човек што не се обидува да изгледа млад, туку едноставно останал природно привлечен.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Денес, Кенан живее мирен семеен живот со својата сопруга, актерката Синем Кобал, која е 13 години помлада од него.

Се запознале во 2015 година и оттогаш се неразделни. Година подоцна се венчаа, а денес имаат две ќерки -Лалин и Лејла. Често може да се видат фотографии од нивните семејни одмори во турските летувалишта, каде уживаат далеку од гужвите на Истанбул. Судејќи според објавите на социјалните мрежи, љубовта меѓу Кенан и Синем не само што трае, туку и расте.

принтскрин инстаграм

Сепак, животот на ѕвездите никогаш не е и без сенки. Пред неколку години се појавија гласини за неговата наводна хомосексуалност, кои самиот глумец ги демантираше. Дополнително, непосредно пред раѓањето на првото дете, турските медиуми шпекулираа дека Кенан ја изневерува Синем со своја колешка. Извори блиски до парот тврдеа дека Синем била свесна за потенцијалните ризици од таа врска, но сепак решила да имаат дете, верувајќи дека тоа ќе ја зацврсти нивната љубов. Иако аферата никогаш не беше официјално потврдена, јавноста внимателно го следеше секој потег на актерот.

Advertisement
принтскрин инстаграм

Денес, фокусот повторно е насочен кон неговата кариера. По неколку години отсутност од екранот, Кенан се подготвува за враќање во нова хит ТВ-серија. Снимањето се очекува да започне на крајот од летото, а веќе се шпекулира дека за секоја епизода ќе добива хонорар од над 4,5 милиони турски лири (околу 135 илјади евра) што го прави еден од најплатените актери на Балканот.

принтскрин инстаграм
принтскрин инстаграм

Во меѓувреме, тој продолжува да живее тивко и достоинствено, далеку од скандалите и излишните медиумски настапи. На неговиот Инстаграм профил ретко се објавуваат фотографии, но кога ќе се појави нова, веднаш станува вирална. За неговите фанови, тој останува симбол на машка елеганција, сила и привлечност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

Back to top button