Една од најпознатите трудници на светот повторно ни покажа дека може да изгледа феноменално и во бременоста и покрај вишокот килограми.
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон деновиве беше на посета во едно училиште во Оксфорд каде се сретна со претставниците на една хуманитарна организација која се бори за здравјето на најмладите. Убавата принцеза која следниот месец треба да го донесе на свет своето трето дете ги воодушеви сите со нејзиниот стајлинг, особено со нејзиното бремено стомаче.
Кејт за оваа пригода носеше струкиран капут во бела боја кој откри дека војвотката под него носи кратко здолниште па нејзините убави нозе беа во преден план.
Таа повторно го покажа гордо бремениот стомак, но и дека бремените жени можат да изгледаат неодоливо и атрактивно, а целата комбинација ја заокружи со нејзината убава фризура, бисерни обетки и кафеави модни додатоци.