Нема зима за Кејт Мидлтон – бремената војвотката против студот во кратко фустанче со голи нозе
Од оваа комбинација би се воодушевила и Меган Маркл
И покај тоа што зимата се уште е немилосрдна, тоа не ја спречи Кејт Мидлтон да покаже уште еден беспрекорен стајлинг. Овој пат во прашање е пролетна комбинација која заслужува чиста петка а со која војвотката се појави на изложбата „Victorian Giants: The Birth of Art Photography “ во националната галерија за портрети во Лондон.
Поубавата половина на принцот Вилијам на изложбата се појави во романтична креација со цветен дезен со кој го воодушеви целиот свет. Фустанот е со потписот на познатата модна креаторка Орла Кили, а бремената 36 годишна Кејт го „фураше“ со елегантни салонки во боја на пудра кои ги носеше на боса нога и мала, плико чанта во иста нијанса. Малиот црн фустан со цветен дезен потсетува на пролетта и на среќните денови што му претстојат на кралското семејство, а посебно интересни се карнерите на самите краеви.
Нејзината шминка беше умерена нагласувајќи ја нејзината природна убавина и оној сјај на лицето што можеме да го забележиме само кај бремените жени.