Кожа и ноктиНокти

Кејт Мидлтон и покрај буџет за шминки и козметички производи од 37 илјади долари не смее да го прави она што сите го правиме

Advertisement

Поради овие строги правила кои војвотката мора да ги почитува најверојатно ќе размислите два пати ако ве запроси некој принц

Advertisement

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Кејт Мидлтон изгледа беспрекорно каде и да е појави. И тоа без разлика дали носи патики од 50 долари или фустан од неколку илјади евра. Знаеме и дека постои таканаречениот „Кејт ефект“, односно многу од она што ќе го облече се распродава за рекорден рок. Така беше на пример и со високите потпетици од Прада со кои неодамна се прошета на Вимблдон и кои веднаш добија листа на чекање.

Според порталот „Yahoo“ војвотката од Кембриџ има буџет за убавина од 37. 778 долари годишно што се и повеќе од доволно да ги обезбеди најскапите третмани и производи за убавина. Нејзината коса секогаш изгледа перфектно, најверојатно ги користи најскапите шминки и креми, но она што многумина досега го немаат забележано е тоа што Кејт (35) никогаш, ама баш никогаш не ги лакира во боја нејзините нокти.

Advertisement

Официјалното правило за припадниците на британското кралско семејство налага да не носат лак во боја. Токму затоа Кејт, исто како и кралицата Елизабет (види тука) секогаш користи безбоен лак или „nude“ нијанси од Essie (Allure или Ballet Slippers). 

Тоа правило ќе мора да го примени и Меган Маркле, девојката на Хари, која според медиумите има големи шанси да се омажи за принцот и да се пресели во кралскиот дворец. Но ова строго правило нема премногу да ја загрижува бидејќи според последните фотографии од парот, Меган и сега ги носи овие нијанси. Прашање е само дали и се познати строгите кралски правила или едноставно ја обожава оваа нијанса.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button