Кејт Мидлтон забрани нејзините деца да учествуваат во „крвавиот кралски ритуал“ – за бизарниот обичај отворено зборува и принц Хари
Според новата книга на кралскиот автор Том Квин, насловена „Да госпоѓо - Тајните животи на кралските слуги“, долгогодишната традиција налага членовите на монархијата да ги мачкаат лицата со крв по нивното прво ловечко убиство на лисица или на елен.

Кејт Мидлтон одлучила да спречи таа и нејзините три деца, кои ги има во бракот со принцот Вилијам, да учествуваат во кралскиот „крвав“ ритуал, открива новата книга.
Според новата книга на кралскиот автор Том Квин, насловена „Да госпоѓо – Тајните животи на кралските слуги“, долгогодишната традиција налага членовите на монархијата да ги мачкаат лицата со крв по нивното прво ловечко убиство на лисица или на елен.
Сепак, принцезата од Велс (43) била категорична дека принцот Џорџ (11), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6) нема да учествуваат во древниот ритуал, пишува Квин.
Снаат на кралот Чарлс, Кетрин, принцезата од Велс инсистирала дека „нема да има крв за нејзините деца“, објаснува Квин за Дејли меил и додава дека во ваквата традиција учествувале и принцот Вилијам и неговиот отуѓен брат Хари.
Ова не е првпат Квин да ја истакнува желбата на членови од кралското семејство да се откажат од ваквиот ритуал. Во својата книга од 2023 година, со наслов „Позлатена младост“, авторот опиша дека принцот Вилијам сака семејството да биде во чекор со модерното време кога е во прашање ловот.
„Вилијам го сака ловот – љубов што ја споделува со својот татко – но тој исто така е свесен дека плимата сега се движи во спротивна насока кон она што многу луѓе сега го нарекуваат крвав спорт“.
Принцот Хари, од своја страна, претходно го опиша своето искуство со ловот во неговите мемоари „Резерва“ од 2023 година, кои го прекршија протоколот. Војводата од Сасекс (40) се присети на својот водач за лов Сенди како го притискал лицето во раната во стомакот на еленот што го застрелал за време на крвавиот ритуал во замокот Балморал во Шкотска – локација која оттогаш го забранува ловот.
„Нежно ми ја стави раката позади вратот и…ја турна мојата глава во трупот. Се обидов да се повлечам, но Сенди ме турна уште подлабоко. Бев шокиран од неговата луда сила. И од пеколната миризба. Појадокот ми излезе од стомакот. Не можев да дишам. Носот и устата ми беа полни со крв, со утроба и вознемирувачка топлина“ – напиша Хари во „Резерва“.
Откритијата ја поттикнаа групата за права на животни ПЕТА да го осуди Хари за неговите пластични описи на тешкото искушение. Сепак, Хари рече дека „чувствувал голема гордост“ што „бил добар со тој елен“ со тоа што го убил само со еден истрел за да не чувствува никаква болка.
Потсетуваме, принцезата Кејт Мидлтон, мајка на три деца, по неодамнешниот третман на ракот, се повеќе посветува време на своите деца. Неодамна на својата официјална страница на Инстаграм, идната кралица објави цртежи нацртани од нејзините деца кои ја опишуваат мајка си.
