И додека Меган Маркл и принцот Хари од самиот почеток на нивната врска ни покажаа дека немаат намера да се воздржуваат од искажување нежност во јавноста, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам до сега им беа целосна спротивност.
Но, очигледно по раѓањето на нивното трето дете нешто се промени, па Кејт и Вилијам на венчавката на принцезата Јуџин не одолеа на уживањето во „украдените допири“, кои камерите веднаш ги забележаа.
Прво, при влегувањето во капелата Вилијам ја ставил раката на грбот на Кејт, а потоа парот се упатил на своите места.
Она што го фатиле камерите изненадиле многумина: Војводата и војвотката од Кембриџ го прекршија правилото кое вели дека членовите на кралското семејство во јавност не смеат да се држат за раце.
Најверојатно Кејт била уверена дека зад клупата не може никој да ја види, па нежно ја ставила раката на коленото на Вилијам, а тој преку неа ја ставил својата дланка.