Кралицата во шок: Протекоа „непримерни“ фотографии од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
И тие се „обични смртници“
Фотографот Макс Батерворт објави голем број фотографии со познати личности направени по ноќните забави во периодот од 2005 и 2008 година. Од црно-белите фотографии може да е види животот на многу познати личности, но и на британскиот принц Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, кои како што пишува „Дејли мејл“ кога се забавуваат не се разликуваат многу од „обичните смртници“.
Па така на една фотографија од 2007 која е направена некаде помеѓу 2 и 3 часот наутро, може да се види дека Кејт Мидлтон има потешкотии да се смести на задното седиште од автомобилот борејќи се со своите локни, додека принцот Вилијам се држи за седиштето и одвај ги држи очите отворени.
https://www.instagram.com/p/BjMmEPIjM7i/?utm_source=ig_embed