Кејт беше најголемата убавица на Титаник – погледнете како изгледа денес во костим за капење, откако стана мајка на три деца, и 20 години по бродоломот што ги полнеше светските кино сали!
Познатата актерка во опуштено издание со нејзиниот пријател
Познатата актерка во опуштено издание со нејзиниот пријател
Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо, ѕвездите од филмот Титаник кој пред 20 години ги полнеше салите се сретнаа повторно на хуманитарната забава на Лео во Сен Тропе.
Тие облечени во костими за капење уживаа покрај базенот за момент потсетувајќи нé на Роуз и Џек чија љубов заврши трагично во филмот, но и на тоа дека нивното вистинско пријателство го преживеа „бродоломот“ на времето и сé уште трае.
Познатата мама која има родено три деца најде време за опуштање во разговор со својот добар пријател пред гала забавата која се одржа истата вечер. Таа носеше портокалови бикини во комбинација со бела кошула, а Лео уживаше во разговорот и на сите ни покажа дека и на 42 години се уште го одржува својот младешки изглед.
Па, големо браво за нивното долгогодишно пријателство!