Кејт Хадсон проговори за гласинити поврзани со Бред Пит
Во Светот медиумите на големо зборуваа дека откако се случи разводот на еден од најубавите холивудски парови, Анџелина Џоли и Бред Пит,прво се појави приказната дека глумецот Бред Пит и Кејт Хадсон се во врска.

Атрактивната Кејт Хадсон беше првата дама за која медиумите се сомневаа дека е замена за Анџелина Џоли. Приказната започнала откако Кејт објавила дека раскинала со момчето и јавно изјавила дека Бред е многу згоден и дека сега е слободна и подготвена за флертување.
Нејзината изјава веднаш одекна во медиумите, а глумците не сакаа ништо да коментираат за оваа тема. Но, после неколку месеци, како и големиот број на жени со кои е споен Бред Пит, Кејт јавно проговори.
– “Тоа е најлудата гласина која сум ја слушнала за мене и во тоа нема ни малку вистина. Работата да биде уште подобра, јас и Бред се немаме видено четири години”, открила холивудската глумица за која исто така се зборувало дека му дозволила на Бред и да се всели кај неа во куќата.



