Ќе ѝ недостигаш и на мама, иако таа нема да признае – Марија ги скрши сите со говорот на погребот на татка си
Музичарот Рајко Шерифовиќ и татко на Марија Шерифовиќ денес беше погребан во родниот Крагуевац.

Во родниот град Крагуевац на прочуениот музичар и татко на Марија Шерифовиќ, Рајко Шерифовиќ, денеска се одржа проштална церемонија на гробиштата каде што тој беше погребен по кратка, но тешка болест.
Рајко, таткото на познатата пејачка Марија Шерифовиќ, остави длабока трага во светот на музиката како виртуозен тапанар, а на вечниот пат го испратија најблиските, роднините, колегите и пријателите.
Церемонијата помина во знак на длабока тага, но и на искрена благодарност за животот исполнет со ритам и страст.
Марија Шерифовиќ, видливо скршена од болка, пристигна на гробиштата заедно со мајка си Верица Шерифовиќ, која цело време стоеше до неа како непоколеблива поддршка. До нив беше и полубратот Даниел Павловиќ, кој исто така се прости од татка си со солзи во очите.
Семејството, кое долго време се бореше со приватноста околу здравјето на Рајко, одлучи церемонијата да биде интимна, но пејачката подготви емотивен говор кој го прочита свештеникот во нејзино име.
Овој говор, исполнет со љубов и проштавање, ги расплака сите присутни.
„Драг тато, се збогуваме од тебе, но знај дека сè е врено на трудот и дека ќе ни недостасуваш“, започна Марија во својата порака, а потоа продолжи со зборови кои ја разоткриваат длабоката поврзаност меѓу нив. Говорот, кој Марија го напиша со рака што трепери од емоции, содржи и нежна забелешка за мајка ѝ:
„Ќе ѝ недостасуваш на твојата омилена пејачка, на твојата Верица, иако таа никогаш нема тоа да го признае“.
„Денес тато сакам да знаеш дека успеав да разберам сè, ништо тата не ти замерувам, сакам да знаеш дека остануваш да живееш со мене и во мене затоа што ти си мојот драг тато. Тато, таму каде што си сега фрли поглед на нас, запали црвен Малборо, и знај дека сè вредеше. Прегрни го мојот стрико, онаа мала госпоѓа, мојата баба, а твојата мајка која нè сакаше сите. Те сака твојата ќерка Марија, синот Даниел, внук Марио и твојата омилена пејачка Верица.“
Потсетуваме, пред неколку години, во едно интервју, Марија зборувајќи за татка си рече: „Сè му простивам“, нагласувајќи дека времето ги лекува дури и најдлабоките рани.
На погребот присуствуваа и бројни истакнати личности од српската музичка сцена, кои го познаваа Рајко како пријател и соработник. Меѓу нив беше и вдовицата на Шабан Шаулиќ, Гордана Шаулиќ, заедно со ќерката Санела, како и пејачката Џејла Рамовиќ.
Рајко Шерифовиќ беше музичар кој остави трага на регионалната сцена. За жал, тој го погреби својот син Душан на 42 години, искуство што го скрши од тага.
Во 1982 година се ожени со познатата пејачка Верица Шерифовиќ, со која ја има ќерката Марија. Бракот траел дваесет години, а по разводот во 2003 година, Рајко повторно стапил во брак и од таа врска го добил синот Даниел Павловиќ.
Музичарот пред две години доживеал мозочен удар и поминал осум месеци во болница, но со голема волја и поддршка од најблиските успеал делумно да закрепне. Сепак, здравствените проблеми повторно се вратиле.
Вчера, Марија, на својот инстаграм-профил за сподели веста за смртта на татко ѝ.

„Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека некоја рајска градина. Чувај не таму каде што си сега. Твојот шампион“, напиша Марија.



