Ќе ве изненади причината зошто нашите баби носат марами на глава – традиција од зборовите на апостол Павле
Интересно е што многу современи, образовани жени сведочат дека лицето им „позасветлува“ кога ја покриваат косата. Велат дека вниманието во разговорот паѓа на зборовите, а не на надворешноста.

Иако модата се менува, еден обичај упорно опстојува: жените во Македонија, особено во рурарните делови, односно на Балканот, и денес го носат најпрепознатливиот дел од традиционалната облека – марама на главата. По сонце, дожд или снег, марамата останува дел од секојдневието на многубројни постари жени.
Во минатото, жената по венчавката ја покривала главата како знак на скромност, почит и припадност кон брачниот живот.
Марамата била јасна порака дека жената е мажена и дека нејзината интимност – косата – ѝ припаѓа само неа и на нејзиниот сопруг. Истовремено, облеката ги покривала колената, лактите и косата, следејќи строг морален кодекс присутен во сите православни земји.
Со појавата на феминизмот, покривањето на косата почна да се толкува како симбол на ограничување. Жените го променија стилот, почнаа да носат панталони и кратки здолништа.
Повеќе од парче ткаенина
Но, во православните земји, традицијата остана жива особено кога станува збор за постарите жени од рурарните области и меѓу верниците кои ги посетуваат црквите. Според црковните обичаи, жената со откриена глава не влегува во храм. Дури и малите девојчиња носат марами. Тоа не се толкува како принуда, туку како чин на благоговејност.

Православните богослови често потсетуваат на зборовите на апостол Павле, кој пишува дека жената при молитва треба да ја покрива главата како знак на духовна скромност. „Послушноста е ангелска доблест“, велат монасите, објаснувајќи дека во манастирите младите монахињи со години ја вежбаат токму оваа добродетел, гледајќи ја како врв на христијанската духовност.
Марама како благодат, а не ограничување
Интересно е што многу современи, образовани жени сведочат дека лицето им „позасветлува“ кога ја покриваат косата. Велат дека вниманието во разговорот паѓа на зборовите, а не на надворешноста.
На сите православни икони пак, жените се прикажани со покриена глава, од мајките на мачениците, до самиот најпочитуван лик во христијанството, Пресвета Богородица.
Марамата некогаш служела за сè: со неа се завиткувал хебот, во неа се носеле бебиња, се бришела потта, се штитела косата. Таа била средство за работа, верски белег и женски симбол во исто време.
Затоа и денес, и покрај сите промени, останува еден факт: марамата е многу повеќе од моден детаљ. Таа е дел од идентитет, традиција и духовност што се пренесува низ генерации.



