CelebrityНаши ѕвезди

„Ќе те чувам сè додека сум жив“ – најдобриот другар на Тоше со срцепарателна порака

Advertisement

Денес, 16 октомври 2025 година, се навршуваат точно 18 години од трагичната сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во која животот го загуби Тоше Проески – човекот со ангелски глас и срце што ширеше љубов.

Веќе речиси две децении, неговите најблиски, пријателите, соработниците и илјадници фанови од целиот регион го одбележуваат овој датум со тага и благодарност, сеќавајќи се на момчето кое замина на само 26 години, но остави зад себе наследство поголемо од животот.

Advertisement

Сепак, најголемата болка ја чувствуваат оние што беа најблиску до него – оние со кои Тоше ги делеше секојдневието, соништата и смеата. Еден од нив е неговиот најдобар пријател од детството, Стерули Штерјоски, кој секоја година на овој ден му упатува порака што ја крева на нозе целата јавност.

И годинава, еден ден пред годишнината, Стерули на своето инстаграм-стори објави фотографија од гробот на Тоше, а денес сподели неколку заеднички фотографии и зборови што тешко се читаат без солзи:

„Те чувам секој ден, 365 дена во годината. И така веќе 18 години. Ќе те чувам сè додека сум жив. Многу фалиш, братче.“

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button