Ќе се жени синот на Брена?! Еве ја и убавата невеста, сите изненадени од она што Софија го направи
„Денес и официјално потврдено...“

Девојката на наследникот на Лепа Брена ги изненади сите
Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, веќе некое време ужива во љубовта со убавата водителка Софија Спасојевиќ.
Нивната романса е на стабилни нозе, а неодамна се шушкаше дека Софија се вселила во неговиот дом и дека постојано се заедно.
Инстаграм/ Софија Спасојевиќ
Тие со своите заеднички објави често знаат да привлечат внимание, но овој пат убавата водителка сите ги изненади.
Имено, Софија сега позираше во венчаница, додека седи во автомобил, а под објавата ги напиша следниве неколку зборови:
„Во фичото ја собира и венчаницата, денес и официјално потврдено“. Невести само напред, не мора лимузина“, напиша Софија.
Инстаграм/ Софија Спасојевиќ
Ова нејзина објави ги збуни сите, посебно што водителката Софија често се фотографира за разни познати брендови, па не е познато дали повторно станува збор за реклама или навистина се подготвува за најважниот ден во животот.
Водителката потоа сподели уште едно шик издание, но овој пат во долг зелен фустан и во шик високи потпетици.
Инстаграм/ Софија Спасојевиќ
Потсетуваме, наследникот на Лепа Брена и Бобан Живојиновиќ од пред некое време се пресели во новиот стан од 140 м2.
Како што неодамна објавија српските медиуми, Брена и нејзиниот сопруг за овој стан платиле во кеш преку 700.000 евра.
Инстаграм/ Софија Спасојевиќ
Поглед од милион долари
Нивниот наследник неодамна покажа како изгледа станот кој се наоѓа на 40-ти кат и од кој има прекрасен поглед на зајдисонцето.
Виктор покажа и дел од просториите, но и од дневниот престој кој е украсен со скапоцени уметнички дела.
Како сето тоа изгледа, погледнете во продолжение…
Инаку, новата девојка на Виктор, Софија, е водителка на Блиц ТВ и инфлуенсерка, а беше и државен првак во пливање.
Инстаграм/ Софија Спасојевиќ
Но заради повреда морала да се откаже од спортот, па му се посвети на манекенството и социјалните мрежи.
Инстаграм/ Софија Спасојевиќ
Таа неодамна беше заедно со семејството Живојиновиќ на одмор во Тајланд, а како уживаше со нив на плажа, погледнете тука…