Ќе се замрзнете од визиите на Нострадамус за 2026 година- рој од „пчели“, масовни жртви, доаѓа Човекот од Светлината
Застрашувачките толкувања на пророштвата од 16 век повторно ја вознемируваат јавноста, дали светот влегува во една од најтурбулентните години на современата историја?

Францускиот астролог и визионер Мишел де Нострадам, познат како Нострадамус, и по речиси пет века продолжува да ја интригира светската јавност. Неговата книга „Les Prophéties“, објавена во далечната 1555 година, содржи 942 катрени напишани на стар француски и латински јазик – шифрирани, двосмислени и отворени за различни толкувања.
Со приближувањето на 2026 година, дел од неговите следбеници и современи толкувачи повторно ги насочуваат погледите кон стиховите. Според нив, визиите се меѓу најмрачните во целото дело.
Рој од „пчели“ и големи политички победи
Еден од најцитираните катрени за 2026 гласи:
„Голем рој од пчели ќе се крене… во ноќта заседа…“
Иако на прв поглед звучи како симболика поврзана со природата, толкувачите веруваат дека „пчелите“ се метафора за моќни луѓе – државници, лидери и политички фигури кои дејствуваат колективно. Во современите анализи, овој стих се поврзува со можни големи политички победи на актуелни светски лидери и драматични пресврти на глобалната сцена.
Некои одат чекор подалеку и тврдат дека токму тука се навестува пресврт во големите конфликти, вклучително и војната во Украина и кризите на Блискиот Исток.

„Седум месеци голема војна“ и масовни жртви
Еден од највознемирувачките пасуси што се поврзуваат со 2026 година гласи:
„Седум месеци голема војна, луѓе мртви од зло…“
Овој катрен често се толкува како предупредување за долготраен вооружен конфликт со огромни човечки загуби.
Аналитичарите нагласуваат дека Нострадамус ретко зборувал за конкретни места и имиња, но дека ваквата временска прецизност – „седум месеци“ – е исклучок што дополнително ја зголемува загриженоста.
Имињата на современи лидери како Зеленски, Путин, Нетанјаху или дури и Трамп често се спомнуваат во овие интерпретации, но историчарите предупредуваат дека ваквите поврзувања се производ на модерни читања, а не директно наведени факти.
Марс, три огнови и судир меѓу Истокот и Западот
Друг катрен зборува за силно астролошко влијание:
„Кога Марс ќе владее по својот пат меѓу ѕвездите, човечка крв ќе го попрска светилиштето. Три огнови ќе се кренат од Истокот, а Западот ќе ја изгуби светлината во тишина.“
Марс, римскиот бог на војната, традиционално симболизира судири, агресија и конфликти. Современите толкувачи овој стих го гледаат како можен судир меѓу Истокот и Западот, во контекст на растечките тензии меѓу САД, Кина и Русија, економските војни и глобалните геополитички престројувања.
Крвав конфликт во срцето на Европа?
Посебно внимание привлекува и катрен кој спомнува дел од Швајцарија:
„Поради наклонетоста што градот ќе ја покаже…Тичино ќе се прелее со крв…“
Тичино е јужен кантон во Швајцарија, кој граничи со Италија. Теоретичарите на пророштвата веруваат дека ова може да укажува на неочекуван европски конфликт, можеби внатрешен или регионален, што би ја нарушил традиционалната неутралност на Швајцарија.
Зрак надеж: појавата на „човекот на светлината“
И покрај мрачните визии, Нострадамус остава и простор за надеж. Во еден од катрените стои:
„Сенките ќе паднат, но човекот на светлината ќе се издигне.“
Овој стих често се толкува како појава на нов лидер или духовна фигура која ќе понуди нов правец, помирување и обнова по периодот на хаос. Кој е „човекот на светлината“ – политичар, реформатор или симбол на колективно будење – останува отворено прашање.
Меѓу мистиката и реалноста
Иако дел од предвидувањата за 2025 година, годинава која изминува климатски екстреми, воени судири и технолошки пробиви – навистина се совпаднаа со реалните настани, експертите постојано потсетуваат дека пророштвата на Нострадамус не треба да се читаат како буквални прогнози, туку како симболични визии на едно немирно човештво.
Дали 2026 навистина ќе ја оправда репутацијата на „година на голем пресврт“, останува да покаже времето.



