Популарниот телевизиски автор и водител Жика Јакшиќ доживеа мозочен удар, по што беше хоспитализиран и сместен на Одделението за интензивна нега. Според достапните информации, тој сè уште е во процес на рехабилитација, но неговата волја и посветеност да се врати во нормала се импресивни, според зборовите на неговите пријатели кои ги пренесуваат српските медиуми.
Според извори блиски до семејството, Жика моментално следи специјализирана програма за опоравување која вклучува секојдневни логопедски сесии за враќање на говорот, како и редовна физикална терапија.
Advertisement
Покрај тоа, добива релаксациски и медицински масажи со цел да се подобри циркулацијата и да се намали мускулната напнатост.
– Под постојан надзор е на лекари и експерти за неурорехабилитација. Дел од терапијата вклучува и вежби за моторика и рамнотежа, кои се клучни за целосно опоравување. Иако стравот кај блиските сè уште постои, пријателите и колегите со надеж го очекуваат неговото враќање – открива извор за српски Информер.

Да потсетиме, Жика Јакшиќ по мозочниот удар првично беше во тешка состојба – имаше отежнат говор и парализа на една страна од телото. Но, неговата решителност и поддршката од медицинскиот тим му даваат сила во борбата за закрепнување.