Ќе се оствари ли најмрачното пророштво? „По смртта на папата Франциск, светот има уште само две години“
По смртта на папата Франциск, верниците се во паника – ќе се исполни ли мрачното пророштво за крајот на светот?

Во текст напишан уште во 1595 година стои дека после 112-от папа – нема да има повеќе папи. Смртта на папата Франциск, која настапи на вториот ден од Велигден по сериозни проблеми со белите дробови, силно го потресе католичкиот свет. Илјадници верници веќе се упатуваат кон Рим и Ватикан, каде што ќе се одржи погребната миса најдоцна до 28 април.
Паралелно со тоа, започна и изборот на нов папа – во гласањето учествуваат 120 кардинали. Со изборот на нов поглавар на Католичката црква, од оџакот на Сикстинската капела традиционално би требало да излезе бел чад, но некои стравуваат дека тоа можеби никогаш нема да се случи.

Причината за стравот е старо предвидување – таканареченото „Пророштво на врховните понтифици“ од ирскиот бискуп Свети Малахија, во кое се наведуваат само 112 папи. Франциск беше токму 112-иот. Во текстот се вели:
„Петар Римјанинот ќе ги пасе овците меѓу многу маки; потоа градот со седум рида ќе биде уништен, а Страшниот Судија ќе му суди на народот. Крај.“
Според толкувањата, смртта на 112. папа значи почеток на Апокалипсата, уништување на Рим и крај на светот во 2027 година.

Секако, постојат и алтернативни толкувања – дел од верниците сметаат дека ова не значи буквален крај, туку крај на еден стар свет и почеток на нов – во кој технологијата, новите вредности и преиспитувањето на улогата на црквата ќе доминираат.
Самата Католичка црква гледа со скепса на ова пророштво и смета дека можеби станува збор за фалсификат од 16. век, создаден со политичка цел – да се влијае на избор на папа.
Сепак, одредени подударности со реалноста не можат да се негираат.
Во своето последно обраќање пред смртта, на 20 април, папата Франциск ги повика сите да се заложат за искоренување на насилството во сите негови форми – можеби последна порака за мир, пред светот.