Ќе се наежите, за Кочани – легендарната „Време за плачење“ на Џамбазов доби нова верзија од Тамара и Роберт Билбилов
Хуманитарниот концерт на Тамара ќе се одржи на 8 мај во МКЦ Скопје, а сите средства од влезниците ќе бидат донирани за погодените од трагедијата во Кочани.
Advertisement
Ј.К.Д.4 часа ago
принтскрин јутјуб
Тамара и Роберт Билбилов, непосредно пред големиот концерт закажан за 8 мај, промовираше песна која никого нема да остави рамнодушен. Станува збор за нова верзија на хит-песната на Игор Џамбазов, „Време за плачење“.
Advertisement
„На само неколку денови до хуманитарниот концерт во МКЦ, заедно со мојот добар пријател и соработник Роберт Билбилов решивме да ви подариме една нова верзија од безвременската „Време за плачење“ – една од моите омилени песни од маестро Џамбазов“, сподели пејачката Тамара Тодевска, а во прилог ја објави новата верзија на легендарната песна.
приватна архива
Хуманитарниот концерт на Тамара ќе се одржи на 8 мај во МКЦ Скопје, со почеток во 20 часот, а сите средства од влезниците ќе бидат донирани за погодените од трагедијата во Кочани.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .