Наши ѕвезди

Ќе се наежите како Панчо во песната „Недела“ несвесно зборува за пат без враќање – од денешен агол морничаво (видео)

Во тие весели мигови никој не влегол во анализа на видеото, туку веројатно сите се воодушевувале на богатиот глас на Панчо, полн со емоции, но сега, од овој агол се ова звучи и изгледа поинаку.

Advertisement

На социјалните мрежи кружи видео кое остава без здив. Видеото е снимено со мобилен телефон и прикажува како, во извесно кафуле или клуб, Панчо и Андреј од ДНК, заедно со придружните вокали, ја изведуваат хит-песната од Џеј „Недела“.

Поточно, Панчо е во фокусот, тој пее, длабоко „занесен“ и внесен во текстот на песната, па во еден момент речиси „се заборава“ на делот – „а мене со вас ме нема“, за на крајот од песната несвесен што зборува, или го зборува тоа повеќе на шега, вели – „на пат без враќање, мојот Андреј се спрема“.

Advertisement

Секако, во тие весели мигови никој не влегол во анализа на видеото, туку веројатно сите се воодушевувале на богатиот глас на Панчо, полн со емоции, но сега, од овој агол, се ова звучи и изгледа поинаку.

Потсетуваме, како што пишувавме вчера на гламур.мк, во едно интервју Панчо зборуваше за тоа како настанала песната „Ако утре ме нема“, познат хит на ДНК, а зборови што денес, добија потресна симболика.

Advertisement

„Јас сум суеверен многу, и кога излезе песната, кога ја снимивме, испадна малце чудно. Како нешто да предвидуваш и сите тие работи. Ама, тие се некои магиски мисли и треба да ги тргнеме. Текстот ми беше во глава, јас додека зборувам се ежам, една од најемотивно среќните песни кои некогаш сме ги направиле.“- рече своевремено Панчо.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button