Ќе се изненадите во какво издание Јанаки ја сними сопругата – Маријана ова нема да му го заборави!
Еве што се случува во домот на Јанаки...

Познатиот адвокат ги насмеа сите…
Нема некој што не знае за адвокатот Јанаки, кој покрај тоа одличен и еден од најдобрите во својата професија, поприлично е популарен и со објавите на социјалните мрежи, а многу често и вирален.
Имено, Јанаки Митровски овој пат сними видео во својот дом, а во главна улога се неговата сопруга и синот кои учат заедно.
И додека сопругата на Јанаки му објаснува на малиот, адвокатот таинствено ги снима и потоа снимката ја сподели на Инстаграм.
Инстаграм/ Јанаки Митровски
Инаку, Јанаки често е присутен во медиумите, а од неодамна е дел и од поткастот на А1он „Основно сомнение“.
Инстаграм/ Јанаки Митровски
Тој е мошне активен и на социјалните мрежи, а често привлекува внимание и со својот интересен стил на облекување.
Среќно е оженет и има две прекрасни дечиња, а и од оваа објава може да се види како тој ужива со своите најблиски.
Инстаграм/ Јанаки Митровски
Препознатлив е и по својот стил на облекување со кој ги руши стереотипите кои диктираат како би требало да изгледа еден адвокат, а тоа се однесува и на неговиот стил во однесувањето во јавноста, каде секогаш опуштено настапува, но со сериозни критики за одредени девијации во општеството.
Инстаграм/ Јанаки Митровски
И секогаш кога го при тоа, неговите зборови ја погодуваат целта, па дури и кога се шегува, и тоа најчесто „без влакна на јазикот“.
Инстаграм/ Јанаки Митровски
Инаку Јанаки е познат и по тоа што многупати и без пари им давал совети на луѓето, само правдината да излезе на виделина.
Но токму овие негови карактеристики и го прават препознатлив, а многу жени за него велат и дека е многу згоден, но.. и силно заљубен!
Инстаграм/ Јанаки Митровски
Потсетуваме, Јанаки е во среќен брак со Маријана Митровска, негова колешка од правниот факултет во Скопје.
Плод на нивната љубов се нивниот син и ќерка, а Јанаки често знае и јавно да и се заблагодари на својата сопруга.
Но Маријана за разлика од него не сака премногу да се експонира, а Јанаки во една пригода призна дека без сопругата би бил изгубен во животот и дека таа навистина е столбот во нивното семејство.
epp2
Како тогаш Јанаки ја изненади својата сакана и со кои зборови јавно и се обрати, погледнете и прочитајте тука…