Наши ѕвезди

Ќе се изненадите со кого цела вечер лудуваше Маја – сопругата на Панчев си доби и раскошен букет

Весела и незаборавна ноќ

Advertisement

Овие денови беше весело во домот на познатиот пар

На Маја Гроздановска-Панчева пред неколку дена и беше роденден, а сега сподели и неколку фотки од прославата.

Advertisement

Таа вчера во кругот на своите пријателки и колешки наздравуваше и се забавуваше, а во еден момент се фати и за микрофонот.

Инстаграм

Снимка објави и нејзината ќерка Марија Панчева, млада дама која успешно плови во нашите манекенски води.

Advertisement

Маја цела вечер беше весела и насмеана, но и изгледаше прекрасно, посебно кога позираше со големиот букет во рацете.

Инстаграм

Таа изгледа минимум 10-20 години помладо, така што сите се изненадени кога ќе слушнат дека наполни 52 години.

Инстаграм

Маја со своите пријателки

Потсетуваме, Маја и Дарко Панчев се во брак повеќе од две децении и важат за еден од најскладните бракови меѓу познатите.

Инстаграм

Тие имаат две ќерки, Надица и Марија, а како што самиот Дарко Панчев во една пригода откри во ТВ-шоуто на Драган Б. Костиќ, познатата пејачка прв пат ја забележал на „Макфест“ во 1998 година.

„На сцената се појави плава симпатична млада девојка која отпеа многу убава нумера. ‘Сакај ме ти’ се викаше песната. Помина одреден период, можеби 6-7 месеци кога случајно се сретнавме во едно кафуле во Капиштец. Седеше близу мене.“

Инстаграм

„Го направив првиот контакт за да ја пофалам за настапот на штипскиот фестивал. Се запознавме и многу ми се допадна. Во тој период мојот претходен брачен излет беше на климави нозе, бев послободен и едноставно коцките се наместија. Почнавме да излегуваме, се вклопивме и со размислувањата и така тргна авантурата“ раскажа тогаш Панчев.

Тој исто така тогаш откри дека Маја на шега му признала дека на времето го менувала за две сликички на „тапка“ кога собирала албум.

Инстаграм

Што се однесува до тајната на нивниот успешен брак, Маја во една пригода во шега, за Гламур магазин, го изјави и следново:

„25 години во 2025 год. а јас сум родена на 25.05. Mожеби постои нешто во овие броејќи, во тајната за успешен брак“, додавајќи дека Панчев ја освоил со неговата скромност, со неговиот хумор, но и со тоа што секогаш бил внимателен кон неа, на секое поле.

Целото интервју со Маја прочитајте го тука..

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button