MAMAБебиња

Ќе се изненадите што значи ако детето прооди подоцна од вообичаено – научниците го имаат одговорот

Поголемиот дел од децата почнуваат самостојно да одат помеѓу 12. и 15. месец од животот, а до 18 месеци тоа го прават околу 75 проценти од нив.

Advertisement

Родителите внимателно ги следат сите пресвртници во развојот што треба да ги достигнат децата, а меѓу најважните е секако проодувањето.

Поголемиот дел од децата почнуваат самостојно да одат помеѓу 12. и 15. месец од животот, а до 18 месеци тоа го прават околу 75 проценти од нив. Некои бебиња почнуваат порано, некои малку подоцна, но научниците неодамна откриле дека генетиката има големо влијание врз тоа кога детето ќе прооди.

Advertisement

Она што исто така го откриле е дека постои врска помеѓу подоцнежното проодување и повисоки академски постигнувања.

Тоа значи дека гените кои влијаат на времето кога бебето ќе почне да оди, можат истовремено да „одлучат“ и колку ќе биде успешно во училиште, пренесува express.co.uk.

пекселс

Истата студија покажала дека шансите за појава на АДХД (недостаток на внимание и хиперактивност) се помали кај оние што подоцна проодуваат.

Advertisement

Студијата, спроведена од универзитетите во Сари, Есекс и Лондон, открила дека генетиката објаснува приближно една четвртина од разликите кога децата ги прават своите први чекори.

Професорката по психологија и генетика на Универзитетот во Сари, Анџелика Роналд, изјавила:

„Ги проучувавме стотици илјади генетски варијации кои се вообичаени во популацијата. Забележуваме дека генетските разлики кои водат до подоцнежно проодување исто така се поврзани со повисоко ниво на образование и намалена веројатност за појава на АДХД. Ова е првата генетска студија за бебешко однесување од ваков обем и прва што го истражува времето кога децата проодуваат.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button