Ќе се изненадите што работела Лила пред да се омажи – водителката ретко зборува за оваа професија
Само неколку години подоцна го роди Филип

Нашата најпозната водителка, Лила Филиповска, и денес мами воздишки како на телевизија, така и преку социјалните мрежи.
Но и покрај тоа што е една од најпознатите жени во Македонија, за нејзиното минато многу малку се знае.
Малкумина знаат дека Лила има завршено средно медицинско училиште и дека порано работела како медицинска сестра.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Но не обична медицинска сестра, туку онаа со карминот – како што појасни самата водителка во една пригода, откривајќи дека меѓу колегите била препознатлива токму по нејзиниот изглед.
Имено, Лила најпрво работела како медицинска сестра и негувателка, а откако одлучила да го следи својот сон ја напуштила работата и набргу следувал ангажманот како водителка на МТВ.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа тогаш имала 19 години и во телевизиските води се пронаоѓа самата себеси за многу брзо време, а едно време беше и пејачка.
Родена во Шведска
Малкумина знаат и дека Лила е родена во Шведска каде поминала 12 години од животот, а по средното медицинско училиште кое го завршува во Скопје, се запишува на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј отсек – македонски јазик и книжевност.

Познатата водителка како многу млада, на 23 години, го раѓа својот син Филип (31), кој го доби од првиот брак.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Нејзиниот син се роди 1994 година, а Лила додека тој се уште беше бебе, почна со квизот „Енигма“ кој ќе и го промени животот.
Имено, тогаш нејзината популарност вртоглаво ќе се зголеми и Лила ќе стане голема ѕвезда, а на „небото“ ќе остане и до ден-денес.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа и денес е една од нашите најголеми ѕвезди, а нејзината емисија „Се или нешто“, една 0д најгледаните во Македонија.
Како изгледала Лила тогаш, на почетокот од својата телевизиска кариера, потсетете се од фотката во продолжение:

Инстаграм/ Лила Филиповска
Неколку години по раѓањето на Филип, Лила одлучи по втор пат да каже ДА, со Орце Димитровски, некогашен фронтмен на групата Ариа.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Но по разводот таа ќе одлучи да го врати презимето Филиповски, а како изгледаше како невеста, потсетете се тука.



