Ќе се изненадите од раскошниот стан на Лила – нашата водителка ужива како кралица, откри и со кого
На празниците се радува како мало дете

Нашата позната водителка Лила Филиповска и оваа година се одлучи за нежна варијанта, составена од бели и зелени нијанси.
Една од омилените дами од нашите мали екрани, Лила Филиповска, можеби често не открива детали од својот приватен живот, но затоа понекогаш ни открива како изгледа станот во кој живее.
Водителката сега имаше посебна прилика за тоа, односно реши да покаже како ќе изгледа нејзиниот рај за Нова година.

Инстаграм/ Лила Филиповска
И навистина Лила се потрудила својата гајба да ја претвори како некое место од волшебните приказни и сите ги воодушеви.
Таа покажа како им се радува на празниците и на китењето елка, но и со кого ќе ужива во нејзиниот стан за празниците.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, Лила се снимаше како се гушка со својата мачка, но и во две различни изданија со кои привлече внимание.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа и минатата година се пофали со својата новогодишна приказна, а како изгледаше тогаш, потсетете се тука.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Она што најмногу ги воодушеви нејзините фанови беше тоа што Лила и овој пат внимавала на секој детаљ во просторот.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Па така тука се и бројните украси, светулки и Дедомразовци, кои водителката ги сними и снимката ја сподели на Инстаграм.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Од видеото можевме да видиме и како е уреден нејзиниот стан, овој пат зачинет со празнична новогодишна атмосфера.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Потсетуваме, Лила денес важи за една од нашите најпознати водителки, но малкумина знаат со што се занимавала таа во младоста, пред да заплови во телевизиските води и да стане позната.
Повеќе за ова прочитајте тука >>




