Ќе се изненадите од ова младо момче од Струмица – го споредуваат со легендарниот Сариевски
Нова македонска ѕвезда во „етерот“

Ова момче е новиот Александар Сариевски
Овие денови на социјалните мрежи се појави едно видео во кое се гледа како едно младо момче пее стара македонска песна.
Видеото веднаш стана вирално, а на него е младиот талент Душко Никовски кого веќе го прогласуваат за новиот Александар Сариевски.
Принтскрин/ Фејсбук
Тој беше дел од „Смотра фестивал“ во Сушица, струмичко Ново Село, а како звучи ова младо момче слушнете во продолжение…
Душко на фестивалот настапи со песната „Ајде сонце зајди“ од Кирил Манчевски и со својот глас никого не остави рамнодушен.
Во продолжение слушнете ја изведбата на оваа пена и од Кирил Манчевски, но и уште една изведба на младиот Душко.
Потсетуваме, Александар Сариевски, е една од најголемите македонски ѕвезди кога е во прашање нашата народна музика. Тој беше извонреден пејач, и композитор, роден во Галичник, во 1922 година, а почина во Скопје на 19 декември 2002 година, на 80-годишна возраст.
Тој е автор на една од најпознатите македонски песни „Зајди, зајди јасно сонце“, а важи и за еден од основачите на Танец.