Наши ѕвезди

Ќе се изненадите од она што го направил Поповиќ за оваа Македонка – животот целосно и се промени (видео)

Ова само еднаш се има случено во „Ѕвездите на Гранд“

Advertisement

Еден интересен факт за популарното шоу

Како што објави деновиве „Гранд.онлајн“, досега само еднаш се има случено Саша Поповиќ да дозволи некој два пати да се појави во финалето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а најинтересно е тоа што во прашање е пејачка која што е од Македонија.

Advertisement

Станува збор за пејачката Андријана Петрушовска, која два пати по ред се натпреваруваше и два пати беше во финалето.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Таа за време на натпреварот важеше за една од најзгодните пејачки во шоуто, а привлекуваше внимание и со нејзините специфични стајлинзи. Па така Петрушовска во една пригода се појави во провокативно издание кое подоцна и послужи како инспирација на Јелена Карлеуша.

Advertisement

Во прашање е изданието кога таа се појави со ангелски крилја и покриена само со бели ленти, а интересно е и тоа што атрактивната Македонка тогаш ја изведе песната „Инсомнија“.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Оваа песна е токму на Карлеуша, и со оваа генијална и провокативна изведба, Андријана стигна до самото финале.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Но тоа не беше единствениот пат Петрушовска да се натпреварува во финалето, а преседанот го направи самиот Саша Поповиќ.

Единствената разлика беше во тоа што Петрушовска првиот пат беше во тимот на Ѓорѓе Давид, додека вториот пат во тимот на Александар Мили Милиќ, со кога таа го освои високото трето место.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

По шоуто таа сними и неколку песни и спотови, а во моментот важи за една од најпознатите македонски Гранд ѕвезди.

Принтскрин/ Јутуб, Гранд

Момент што не се заборава

Петрушовска посебно ја воодушеви македонската публика кога на сцената се ппјави со знамето со „Ѕвездата од Кутлеш“.

Ова беше пресуден момент кој подоцна и донесе многу гласови, а како изгледаше оваа убавица тогаш, потсетете се тука.

Извор: „Гранд.онлајн“, „Гламур“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button