Нега и здравје

Ќе се изненадите, но ОВИЕ здрави намирници и пијалаци мора итно да ги исклучите во ек на жештините – нутриционистите предупредуваат дека се магнет за труење

Што всушност го труе организмот на летни температури? Од салами и коктели, до протеински плочки и кафе со млеко - листата на ризични производи се проширува со зголемување на температурите. 

Advertisement

Кога термометарот се искачува над 35 степени, нашето тело влегува во состојба на постојана борба со прегревање, дехидратација и ослабена дигестија. Но она што често се занемарува е улогата на секојдневните, дури и наизглед здрави намирници и пијалаци, кои во вакви услови можат да направат повеќе штета отколку корист.

Според анализи од американскиот Центар за контрола на болести (CDC), Француската национална агенција за храна и здравје (ANSES) и италијанскиот Институт за јавно здравје, летото е време кога дури и најмалите грешки во исхраната можат да имаат сериозни последици.

Advertisement

На врвот на листата остануваат класичните ризици: мајонез, месни производи како саламите, млечни намази и јајца. Но опасноста се крие и таму каде што најмалку се очекува.

Протеинските плочки, често промовирани како здрава алтернатива за ужинка, содржат состојки кои на високи температури бргу се расипуваат особено ако содржат млеко во прав, чоколаден слој, сушено овошје или јаткасти плодови кои лесно оксидираат.

На температура над 30 степени, тие стануваат идеална подлога за развој на бактерии, особено ако се носат во торба или во автомобил без клима.

Advertisement

Слична е ситуацијата и со пијалаците. Кафе со млеко, лате или ледено капучино, ако не се пијат веднаш по приготвувањето, стануваат ризични – млекото брзо ферментира, а напитокот може да стане извор на стомачни инфекции.

Честопати, поради ледената температура на пијалакот, вкусот не открива дека нешто не е во ред. Италијанските нутриционисти предупредуваат дека токму овие пијалаци се одговорни за летни дијареи кај младите луѓе, особено кога се консумираат надвор, во движење, или од кафе-апарати.

Коктелите со овошје, како на пример сангрија, особено популарни во лето, кријат уште еден ризик. Доколку овошјето не е добро измиено, или стои сечено подолго време, може да биде носител на E.coli или други бактерии. Кога на тоа ќе се додаде и алкохол, кој инаку го дехидрира телото, резултатот е експлозивна комбинација за организмот.

фото пекселс

Пијалаците со сирупи, газирана вода и украси од лимон или нане не се опасни поради самиот алкохол, туку поради начинот на сервирање и складирање на состојките. Парчињата лимон, ако стојат на топло, стануваат расадник на бактерии.

Во извештај на францускиот весник Le Parisien, дури 70% од тестирани парчиња лимон во коктели содржеле траги од фекални бактерии, бидејќи се сечат и се чуваат без заштита, со часови.

Дури и свежо овошје, како лубеница и диња, може да биде ризично ако не се конзумира веднаш штом се исече. Откако ќе се исечат, нивната површина е богата со влага и шеќери, односно станува совршена почва за бактерии. Ако парчето лубеница стои на сонце или во фрижидер со неправилна температура, развојот на бактерии може да се случи за помалку од два часа. Тоа важи и за овошни џусови, овошни сокови што се служат на улица, па дури и за смути кои содржат комбинации со млеко, јогурт или сладолед.

Неочекуван проблем се и енергетските пијалаци. Освен што содржат високо ниво на кофеин и шеќери, тие го зголемуваат крвниот притисок и ја поттикнуваат работата на срцето, што во услови на екстремна жештина претставува дополнителен стрес.

Американските здравствени институции предупредуваат дека енергетските пијалаци во комбинација со физичка активност на отворено можат да предизвикаат тахикардија, дехидрација и дури несвестица.

Преголемата доверба во „фит“ производи, кои се продаваат како здрава алтернатива, како протеински грицки, фитнес шејкови, или безглутенски барови – може да биде опасна, особено ако не се чуваат во фрижидер.

фото пекселс

Производите кои содржат ореви, други семиња, сусам или протеински концентрати, под влијание на топлина оксидираат, стануваат горчливи и во некои случаи дури и токсични.

Според нутриционистите од Националниот институт за исхрана во Франција, телото во лето има потреба од храна што го лади, не што го оптоварува. Првите симптоми на преоптоварување со погрешна храна се вртоглавица, гадење, надуеност и летаргија. Затоа, велат стручњаците, летото не е време за калорични ужинки, туку за внимателен избор и во составот на храната, и во начинот на нејзиното чување и сервирање.

Оној што ќе ја потцени топлината, ќе ја почувствува. И тоа не само на кожата, туку и во стомакот, во циркулацијата, во целокупното чувство на слабост. Летото не бара само крема за сончање, бара и интелигентен пристап кон храната. Она што изгледа вкусно, брзо и безбедно, на 38 степени може да биде вистинска стапица за здравјето. И тоа без мирис, без вкус и без предупредување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button