Ќе се изненадите колку голема е разликата помеѓу Тијана и Тамара – еве ја и мама Брана, на кого личи повеќе?
Познатите сестри од Македонија што со својот талент го освоија целиот Балкан

Тие и двете се познати и надвор од Македонија и нема некој што не знае дека се сестри и дека се поддржуваат.
Станува збор за Тамара Тодевска и нејзината постара сестра Тијана Дапчевиќ која откако се омажи живее во Србија.
Но тие и денес се многу поврзани и една на друг си даваат најголема поддршка, иако одвреме-навреме знаат и да се скараат.

Принтскрин/ Јутуб
Имено, Тијана неодамна откри дека ја блокирала Тамара на социјалните мрежи и дека веќе неколку дена се скарани.
И како што вели и самата, и тие како и сите сестри знаат и да се скараат, но и дека тоа секогаш ќе трае многу кратко.
„Тоа се случува еднаш месечно сигурно – или таа мене ќе ме блокира или јас неа. Не сум иронична, многу сум сериозна. Моментално е блокирана, а тоа за што се скаравме знаеме само таа и јас, но и ќе биде одблокирана до крајот на денот“, изјави Тијана неодамна за медиумите.

Инстаграм
Впрочем тие и денес одлично функционираат како тим, а многу често одат и на годишни одмори заедно, со нивните семејства.
Инаку, Тијана е речиси десетина години постара од Тамара, а малкумина знаат дека има толку голема разлика меѓу нив.

Инстаграм
Тијана следната година во февруари ќе наполни 50 години, а Тамара на 1 јуни го прослави својот јубилеен 40. роденден.
Инаку, Тијана моментално е актуелна со својот стенд-ап комедија „Менопауза“, но и со новиот спот за песната „Најспака“ што може да ја слушнете во продолжение:
Разводот на родителите
Потсетуваме, познатите сестри пред неколку години отворено зборуваа за разводот на нивните родители, Брана и Велко Тодевски.
Нивната мајка Брана е поранешна оперска певица и професор по контрабас, а со Велко и по разводот останале во добар однос.

Инстаграм
Ова е видливо на сите нивни семејни прослави и настани каде што се присутни мајката на Тамара и на Тијана и таткото, со неговата втора сопруга, за која Тамара често знае да каже дека се блиски.
„Не ми беше сѐ едно кога Тијана се пресели во Белград, а не ми е ни сега. Но, знам дека таа тука е среќна“, изјави Тамара во една пригода, во едно заедничкото интервју со Тијана кое беше направено во Белград, за „Стори“.

Инстаграм
Нејзината сестра пак, тогаш додаде дека нејзините родите родители толку се сакале, што на крај изгореле.
„Имав 18 години кога моите родители се разведоа. Тамара не го прифати тоа баш најдобро, а јас веќе бев свој човек. Мислев дека добар развод е подобар од лош брак. Иако повеќе не живеевме заедно, често го гледав татко ми бидејќи беше професор на Музичката академија. Кога денес се сеќавам на тој период, тој беше составен од ужасни моменти бидејќи разводот е стрес еднаков на загубата на сакана личност. Ми беше тешко што моите родители, кои беа познати како Ромео и Јулија од Скопско, се разведоа. Но, тие се сакаа толку многу што на крајот се изгореа“, изјави тогаш Тијана за магазинот „Стори“.



