Ќе се изненадите која жена прва го бакна пејачот Мики Секуловски и му ја честиташе Нова година
Беше лудо, весело и незаборавно
Нашиот пејач Мики Секуловски кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ за Нова година настапи со Цеца Ражнатовиќ.
Имено, Мики по освоеното второ место во популарното шоу доби покана од Цеца да настапува со неа на концертите како придружен вокал, што Секуловски со задоволство го прифати и настапува секаде со неа.
Така беше и за Нова година, а покрај Мики на сцената со него како придружен вокал беше и Јулија Петровиќ, девојката која се натпреваруваше со него во популарното шоу и со која медиумите го поврзуваа.
Инстаграм
Тие настапуваа со Цеца и за дочек на новата 2025 на плоштадот во Херцег Нови каде им приредија одлична забава на 40.000 гости.
Инстаграм
И една минута пред полноќ, Цеца престана со пеење, па потоа почна да одбројува и на сите им ја честиташе Нова година.
Инстаграм
Таа потоа се сврте и најпрво си ја честиташе Новата година со Јулија, а потоа го гушна и Мики, по што и Мики и Јулија си ја честитаа.
Инстаграм
И како што пишуваат медиумите, Цеца го срушила рекордот, односно досега никогаш немало толку посетен концерт во ова место.
Инстаграм
Таа за настапот избра широки панталони сив капут опшиен со кристали, а целото издание што го носеше чини 30.000 евра.
Инстаграм
Инстаграм
Во прашање е парче од познатиот моден бренд „Ermanno Scervino“ со кој Цеца ги остави љубителите на модата без здив.