Ќе се изненадите кого Добрила има доено во младоста – емотивна сцена што расплака многумина (видео)
Тие се сретнаа по цели 46 години, со нејзината мајка биле колешки, па често ја чувала

Ќе се изненадите кого Добрила доела додека била бебе
Добрила Ивановска Чабриќ која живее во Дојран важи за најстара победничка во популарното шоу „Никогаш не е доцна“.
Таа уште со своето прво појавување пред камерите ги освои гледачите на ова шоу, па и по победата често гостува во емисијата.
И секогаш кога ќе се појави ги воодушевува и со своите животни приказни, а во една од последните емисии се појави со еден свој драг пријател од Македонија, Никола Катичиќ (75), кој оваа година се натпреварува во шоуто.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Тие двајцата пристигнаа во Белград со автомобилот на Добрила, која без проблем возела од Дојран, па се до студиото на „Гранд“.
Привлече внимание и моментот кога Добрила се сретна со познатата пејачка која што ја чувала додека била мала.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Имено, тие се сретнале по цели 40 години, а станува збор за нашата легендарна пејачка Маја Оџаклеивска.
„Мојата мајка беше актерка во Народниот театар, па во паузите додека работеше, ме доеше токму Добрила“, изјави Маја Оџаклеивска тогаш пред камерите и водителот Жика Јакџшиќ и ги изненади сите во студиото.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
„Ние се немаме видено точно 46 години. За мене е ова најголем подарок, изјави тогаш Добрила“, а потоа Оџаклиевска излезе на сцената да се поздрави со оваа извонредна жена која наскоро полни 97 години.
Потсетуваме, Добрила е доајенка на Македонскиот народен театар каде започнува да работи во 1946 година, а глумеше и во првата претстава на македонски јазик, „Платон Кречет“.
По победата во „Никогаш не е доцна“ почнува повторно да работи на својата кариера и станува популарна на целиот Балкан, но овој пат повеќе како пејачка, и тоа во десеттата деценија од животот.
„Животот е еден и треба да се проживее и да се слави од ден во ден без никаква причина. Не се откажувам од дружбата, од пријателите, музиката ни животот. Секој ден ми е нов ден во кој можам многу работи да направам“ изјави Добрила во една пригода за „Гранд онлајн“ и додава дека одамна донела одлука дека ќе ужива со полни гради и дека секој ден ќе го слави како да е посебен во нејзиниот живот.