Наши ѕвездиОпа!

Ќе се изненадите кога ќе видите како Јаневска изгледала некогаш, а како сега во костими за капење (фото)

Позираше во речиси проѕирен фустан, а ќе се изненадите и кога ќе видите како изгледала некогаш

Advertisement

Пејачката покажа како ужива во одморот

Нашата позната пејачка Андријана Јаневска сподели фотографија од одморот и покажа како ужива на една преубава плажа.

Advertisement

Таа позираше во црн дводелен костим за капење, преку кој носеше бел, сосем проѕирен фустан за на плажа.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Таа ја означи и преубавата плажа во Барселона на која моментално си ги полни батериите, а она што едноставно не можеше да помине незабележано беше нејзиното беспрекорно згодно тело.

Имено, Андријана која оваа година ќе наполни 44 години со ова свое издание покажа дека се уште е во совршена форма.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Некогаш и сега

Според многумина таа изгледа дури и подобро од кога било досега, а овие денови сите беа изненадени од уште една нејзина фотографија што случајно „исплива“ на социјалните мрежи.

Станува збор за стара фотографија од нејзината младост споделена на Фејсбук страницата “Ретро ризница – Македонски медиуми“. Оваа фотографија всушност е насловна од некогашното списание Екран, од јули 2000 година, кога Андријана немала ни 20 години.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Како пејачката која очигледно и денес нема проблем да позира во едно вакво издание, изгледала пред 25 годни и зошто сите беа изненадени од фотографијата, погледнете во продолжение.

Принтскрин/ Фејсбук, “Ретро ризница – Македонски медиуми

Потсетуваме, Андријана е поприлично активна на социјалните мрежи, па со своите објави често привлекува внимание.

Но кога ќе ја видат во едно вакво издание многумина не можат да поверуваат дека оваа дама и по толку години како воопшто да не се променила. Повеќе од јасно е дека пејачката води сметка за својот изглед, а неодамна ги воодушеви сите и со својот сценски настап и кожниот фустан што го носеше.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Како нашата омилена пејачка, професорка и доктор по науки изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Повеќе за ова прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button